Top Sport

Скалони: Не знам дали Меси повторно ќе игра за Аргентина

Фудбалската репрезентација на Аргентина наредниот месец ќе одигра три контролни натпревари, а меѓу оние што ќе бидат во комбинација за настап на тие натпревари повторно ќе го нема Лионел Меси.

Лионел Скалони кој привремено ја обавува селекторската функција, ја потврдил одлуката, неговиот имењак, Меси, да не добие повик за дуелите против Ирак, Саудиска Арабија и Бразил.

Скалони, потврдил дека телефонски разговарал со ѕвездата на Барселона и рекол дека не може да одговори на прашањето дека Меси на Светското првенство во Русија, го одиграл својот последен меч за Аргентина.

„Пред неколку дена телефонски разговарав со Меси и донесовме одлука дека е најдобро да не доаѓа на овие натпревари. Поради тоа го нема на спискот за тие три натпревари. Тое е она што можам да ви го кажам во овој момент, бидејќи повеќе од ова не знам“, рекол Скалони.

Scroll to Top