Top Sport

Скандал ја тресе Србија: Тренер наговарал млад фудбалер на секс

Тренер во младинските категории на Радник од Сурдулица бил приведен во полиција бидејќи сексуално вознемирувал 13 годишно момче.

Како што објавија српските медиуми 38 годишниот тренер на момчето му испраќал пораки со непримерна содржина во кои го наговарал да на сексуални односи.

Против тренерот е поднесена кривична пријава за сексуално вознемирување.

Откако момчето се пожалило кај своите родители дека добива пораки со непримерна содржина, таткото го пријавил случајот во полиција. Телефоните на тренерот и момчето биле дадени на вештачење.

Scroll to Top