Тиемуе Бакајоко беше казнет од Милан по неговото доцнење на тренинзите на клубот, по што цел тим доби „казнен тренинг“ пред мечот со Болоња, но сега, конфликтот изгледа прејде на ново, повисоко ниво.
Кога тренерот Џенаро Гатузо побара тој да влезе во игра на место на повредениот Лукас Биља во првото полувреме против Болоња, Французинот, кој е позајмен фудбалер од Челси, едноставно му порача на Рино: „Оди е.и се, човеку!“. Гатузо му врати на ова со зборовите: „Ќе зборуваме подоцна“.
Ова најверојатно значи крај за Бакајоко како фудбалер на Милан.
“fuck off man” diciamo che l’esperienza rossonera di #Bakayoko può definirsi conclusa. (Comunque mancanza di rispetto ingiustificabile questa) #MilanBologna pic.twitter.com/fdFminKkEH
— Giulia Bianchi (@GiuliaCuchu) May 6, 2019