Црвена звезда, синоќа, победи во Купто на Србија. Во финалето, Црвена звезда по изведувањето на пенали, го победи вечниот ривал Партизан со 4:3. Дуелот по 120 минути борба заврши 0:0.
Инцидентот кој се случи во третата серија, кога голманот на Партизан, Владимир Стојковиќ доби жолт картон и потегот по завршувањето на мечот на Марко Гобељиќ од Црвена звезда, го обележаа дербито во Купот.
Во моментот кога играчите на Црвена звезда започнаа да ја слават победата, Гобељиќ застана пред голманот Стојковиќ и го спушти шорцот.
Повод за овој неспортски и невкусен гест беше изјавата на Стојковиќ пред натпреварот дека него треба да го силуваат доколку Црвена звезда го освои Купот.
Од Партизан бараат Гобељиќ да биде казнет, Израелецот Натхо изјави дека му е срам што го делел теренот со Гобељиќ, а тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ, им се извини на противниците, во свое и во иметото на клубот, со порака дека кога ќе му стане јасно што направи Гобељиќ долго ќе се кае за невкусниот гест.
Gobeljić skinuo gaće ispred Stojkovića kao odgovor na izjavu pre finala Kupa… pic.twitter.com/TwJYbM3Qvp
— Miloš Simanović (@MilosSimanovic) May 25, 2021