Top Sport

Скандал во Турција: Обид за убиство на фудбалски терен

Во дербито на третата лига во Турција, помеѓу Амедспор (поранешен Дијарбакир) и Сакарија, фудбалерот Мансур Чалар со жилет ги нападнал противничките играчи.

Овој случај ја крена Турција, а фудбалерите на Сакарија на социјалните мрежи ги покажале повредите.

На снимките може да се забележи дека уште пред да почне мечот, кога играчите се поздравуваат, Чалар агресивно се однесува кон противниците, а влегол во вербална расправија и со соиграчите.

Полицијата соопшти дека неколку фудбалери на Сакарија го пријавиле инцидентот поради што била отворена истрага. Од клубот ги повикале и челниците на Фудбалскиот сојуз на Турција да го истражат целиот случај.

Од таборот на Амедспор обвинувањата ги нарекле „неосновани и смешни“. Тие тврдат дека Чалар, на теренот, немал никакво оружје кај себе и потсетиле на инцидентот што се случил минатото лето, кога играчите на Сакарија се обиделе со употреба на сила да влезат во нивната соблекувална.

Scroll to Top