Италија е во шок поради ненаејната смрт на капитенот на Фиорентина Давиде Астори. Лигата ги одложи сите натпревари кои требаа да се одиграат во неделата и се уште не е соопштено кога ќе бидат одиграни, а како можен датум се споменува 14.март.
Вчерашниот ден кога сите се простуваа од Астори не мина без инцидент, а актери беа навивачите на Бари.
Фановите на Бари никогаш нема да му простата на Андреа Масиело кој во периодот од 2008 до 2011 година одиграл 112 натпревари за овој клуб.
„Зошто Астори, а не Масиело?“, пишувало на контроверзниот транспарент.
Масиело се најде во центарот на скандалот кога Бари испадна од Серија А. Тој постигнал авто-гол кој со кој Лече избори опстанок, а Бари испадна од лигата.
Подоцна Масиело доби 26 месечна суспензија бидејќи ги продал натпреварите Салернитана-Бари, Бари-Сампдорија, Палермо-Бари, Бари-Лече и Болоња-Бари.