Top Sport

Скандалозно однесување на тренерот на Наполи (Видео)

Наполи синоќа одигра 0:0 во Милано против Интер и остана за лидерот Јувентус на табелата во Серија А. Јувентус на осум кола до крајот на првенството има бод предност и натпревар помалку од Наполи.

Играчите на Маурисио Сари не успеаја да победат во дербито и доколку Јувентус в среда ги освои бодовите против Аталанта, тогаш за Наполитанците титулата ќе биде невозможна мисија.

По мечот една новинарка го прашала тренерот на Наполи дали е готова битката за титулата, а за одговорот на Сари денес зборува цела Италија.

„Жена си и многу си убава. Тоа се единствените две причини поради што нема да ти кажам да се е..ш“, рекол Сари.

Scroll to Top