Top Sport

„Скапо ќе биде заминувањето на Санчо“

Борусија Дортмунд нема да го спречи Џејдон Санчо да го напушти клубот, но неговата слобода нема да биде ефтина. Ливерпул, Челси и Барселона според медиумските шпекулации се заинтересирани за крилниот напаѓач.

Џејдон Санчо сезонава во Бундеслигата одиграл 23 натпревари на кои 14 пати бил стрелец.

„И пред за започне вонредната состојба ние рековме дека ќе ќе ја почитуваме секоја одлука што ќе ја донесе Санчо, иако ние сакаме тој да остане во Дортмунд. Сакаме да кажеме дека Џејдон нема да замине под реалната цена. Никој од нашиот тим нема да замине за сума пониска од реалната“, рекол Ханс-Јоаким Вацке спортскиот директор на Борусија.

Според „Трансфермаркт“ Санчо е проценет на 130 милиони евра. Борусија за Санчо во 2018 година на Манчестер сити им плати пет милиони евра.

Scroll to Top