Top Sport

Скаут од Бразил заработил милиони од трансферот на Нејмар

Извесен Андре Кари заработил вистинско богатство од рекордниот трансфер на Нејмар во ПСЖ. Бразилецот пред една година од Барселона замина во Париз за 222 милиони евра.

Кари е стручњак за фудбалерите што играат во Бразил и е задолжен да ги следи случувањата во оваа држава од неколку европски тимови.

Токму тој бил еден од најзаслужните што Нејмар во 2013 година одбрал од Бразил да ја продолжи кариерата во Барселона.

Тогаш, Барселона му ветила на Кари, дека доколкуклубот некогаш го продаде Нејмар, тогаш него ќе му припаднат три отсто од тој трансфер.
Сума што ќе ја добие овој човек изнесува 6,6 милиони евра.

Од Барселона се обиделе да оспорат договорот со Кари, со тврдењата дека начинот на кој Нејмар ги менува оодребите од договорот, но спред „Кадена сер“, на крајот скаутот ќе ги добие парите.

Scroll to Top