Top Sport

Сколс искрен: Дури и на Меси немаше да му оди со Мурињо и Јунајтед

Ѕвездата од генерацијата 1992 година на Манчестер јунајтед, Пол Сколс е еден од ретките ексфудбалери на Јунајтед кои директно велат дека Жозе Мурињо е главниот проблем во денешниот клуб, повторувајќи дека дури и Лео Меси, кој тој го смета за најдобар на светот не би бил во добра форма на „Олд Трафорд“.

Јунајтед се на осмото место во Премиер лигата со седум поени зад тројните лидери Челси, Ливерпул и Манчестер сити по три порази во осум меча. Сколс верува дека моралот е на толку ниско ниво што дури ниту еден Меси не би можел да направи пресврт.

„Изгледа дека кој било фудбалер да дојде во Јунајтед се мачи. Мислам дека би можеле да потпишеме со Лионел Меси овој момент и тој ќе почне да игра лошо. Кој е најдобар? Па, добро тоа е Меси, но Роналдо на пример е брилијантен. Кристијано го прави тоа фантастично со брзина и моќ. Но, како ол-раунд фудбалер, Меси има сѐ“, вели Сколс во интервју за „ЕСПН“.

Оваа изјава директно зборува за Алексис Санчез и неговите проблеми со формата, но Сколс не го поштеди ниту Пол Погба.

„Колку години има? 25? Тој ги прави некои од најдобрите работи во фудбалот, со додавање или дриблање, но пет минути подоцна како да го исклучил мозокот, бидејќи веќе покажал колку е добар. Мислам дека луѓето од Ливерпул и Манчестер сити не гледаат и ни се смеат како што ние им се смеевме многу години. Тие, за разлика од нас, ги прават работите исправно“, вели Сколс.

Scroll to Top