Top Sport

Сколс: На Јунајтед им треба нов стопер, Линделоф не е доволно добар!

По синоќешниот пораз на Манчестер Јунајтед од Севилја во ЛЕ, во Англија многумина вината за поразот ја префрлија кон стоперот на екипата, Швеѓанецот Виктор Линделоф.

И легендата на „ѓаволите“ Пол Сколс смета дека потребна е промена во дефанзивната линија во Јунајтед, иако напомена дека Швеѓанецот не е единствениот виновник за поразот од шпанскиот тим.

„Јунајтед ја заслужи победата, создаде многу прилики, но одбранбениот дел од играта беше шокантен. Пред се при вториот гол, напаѓач е во казнениот простор, Линделоф мораше да го види, а Ван-Бисака мораше да помогне ако мисли дека Линделоф не го гледа Де Јонг. Положбата на телото на Линделоф беше потполно погрешна. Да ја избегнеа таа ситуација, верувам дека ќе ја победеа Севилја. Целата одбрана е виновна за вториот гол, но Линделоф е најголемиот проблем. Мислам дека на Јунајтед му треба нов стопер, го зборувам тоа веќе некое време. Не сум сигурен дека Линделоф е доволно добар да му биде партнер на Мегвајр“ рече Сколс.

Жозе Мурињо во 2017 година го доведе Линделоф во Манчестер за 35 милиони евра, од Бенфика.

Scroll to Top