Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс секогаш бил поддржувач на Маркус Рашфорд, и сега вели дека додека бил член на клубот одел да го гледа напаѓачот на мечевите на резервниот тим за да го следи неговиот развој.
22-годишниот Рашфорд е дел од академијата на Јунајтед од својата седма година, а влезе во првиот тим како тинејџер, пред под Оле Гунар Солскјер да стане вистинска „напаст“ за противничките голови откако ја промени позицијата. Со 19 гола во 2019/20, тој веќе го подобри сопствениот рекорд и Сколс е пресреќен.
„Секогаш се сеќавам кога го гледав во резервниот тим и секогаш играше напред како чист напаѓач. Понекогаш одев на тие натпревари само да го гледам и да забележам дали ја има интелигенцијата да се поврзе со фудбалерите од средниот ред. Бев возбуден кога влезе во првиот тим и веднаш го покажа талентот. Се сеќавам дека мислев дека е вистински број 9, но во мечевите тој повеќе ужива да игра од левата страна“, вели Сколс.