Top Sport

Сколс: Погба не игра, тој шета по теренот

Пол Сколс, легендата на Манчестер јунајтед, го критикувал Пол Погба поради лошата форма. Сколс рекол дека Погба „не игра како некој за кого се платени 90 милиони фунти“.

Манчестер јунајтед во саботата одигра 0:0 против Саутемптон. Погба одигра лош натпревар, а виновен е што голот кој го постигна Матиќ беше поништетн.

„Нема агресивност, недостига енергија, тимот има премногу допири со топката, играчите малку се движат, а тој Саутемптон беше декласиран од Тотенхем. Ништо не се случи на натпреварот, играа како од стартот да водат 3:0. Одбраната на Саутемптон е бавна, а игралите на Јунајтед воопшто не ја тестираа“. рекол Сколс за „БТ Спорт“.

Легендата на Манчестер јунјатед се запрашал каде е Пол Погба и формата која ја имаше во Јувентус.

„Беше секаде по теренот, се бореше, трчаше, постигнуваше голови од 25 метри. Сега само се шета на натпреварите. Не изгледа дека е подготвен. Се прашувам дали тој воопшто тренира. Секако не личи на играч кој ќе решава натпреври и за кого сте платиле 90 милиони фунти.

Scroll to Top