Top Sport

Сколс: Погба веќе не треба да заигра за Јунајтед, нема да недостасува

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс вели дека Пол Погба веќе не треба да заигра за клубот по неговиот црвен картон против Ливерпул, бидејќи покажал непочитување кон клубот, кое не е ограничено само на 0:5 поразот.

Сколс, кој не беше воодушевен од камбекот на Јунајтед за 3:2 победа над Аталанта во Лигата на шампионите оваа недела, вели дека Погба, кој помина 15 минути на теренот пред грубо да го фаулира Наби Кеита и да добеи директен црвен картон, нема да недостасува во клубот.

„Да се каже дека ова е разочарувачки е малку. Сите знаевме дека е тешко, но менаџерот беше фатен во емоциите по камбекот во средата. Се враќаме во претходните мечеви, но против Ливерпул, тоа не беше возможно. Пол Погба наместо да помогне на тимот прави грешка за 5:0, а потоа со тој луд старт, губите драстично и сте со играч помалку. Ако Оле остане менаџер, ќе го видиме ли Погба повторно во дресот на Јунајтед? Тој направи премногу проблеми во последните години. Сите знаеме дека има талент, сите му веруваат, се обидуваат да му дадат простор, а тој не го потпишува договорот, го уценува клубот, а потоа прави вакво нешто.Нема да недостасува никому“, вели Сколс.

Scroll to Top