Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) објави дека покренала постапка против поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс за прекршување на правилата за обложување.
Сколс, кој имаше едномесечна тренерска авантура во Олдам оваа година, наводно направил 140 облози на фудбал од 17 август 2015 до 12 јануари 2019, пред да стане тренер, но додека е акционер на нисколигашот Салфорд сити.
Сколс, кој имаше над 700 настапи за Манчестер јунајтед од 1993 до 2013, а додаде и 66 настапи за англиската репрезентација, прво се пензионираше во 2011, пред да се врати во клубот и во 2012/13 да ја освои Премиер лигата, негова 11-та титула во кариерата.