Top Sport

Сколс со комплимент за Гарначо: Ме потсетува на младиот Кристијано

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс го испофали талентот на Алехандро Гарначо, велејќи дека младиот Аргентинец наликува на Кристијано Роналдо во неговите славни денови на „Олд Трафорд“.

Тинејџерот има одлична сезона под Ерик Тен Хаг со 31 настап во сите натпреварувања и со важни голови против Реал Сосиедад, Фулам и Лидс, по што се верува дека доби нов петгодишен договор. Откако неодамна Робин ван Перси изјави дека 18-годишниот Аргентинец е фудбалер за иднината, сега и Сколс застана зад него.

„Навистина сум возбуден за него. Кога ќе го видам како игра, сеогаш сум импресиониран. Тој е ќе стане суперѕвезда, толку е храбар кога ја има топката. Исто како Кристијано кога беше млад играч. Не му е грижа ако го клоцнат, ќе стане и ќе даде гол. Има простор за голем раст и кога ќе добие на физичка сила ќе биде многу тешко да го сопрат“, вели Сколс.

Scroll to Top