Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, испука „отровни стрели“ кон менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо.
Јунајтед се наоѓа во серија од четири натпревари, на кои што нема забележано победа, клубот е во криза која ја продлабочи синоќешното реми со Валенсија во Лигата на шампионите.
Манчестер јунјатед игра лошо, а кога тоа е така секогаш критиките ги трпи менаџерот. Тој ја поставува тактиката и го составува тимот.
Парадокс е што Мурињо по дуелот со Валенсија рекол дека е задоволен од начинот на кој што одиграле неговите играчи и дека неговиот тим бил поблиску до победата.
„Се чудам како тој остана на функцијата по поразот од Вест Хем во првенството. Не разбирам зошто не го протераат, тој е срам за Манчестер јунајтед. Тој е човек кој кажува страшни работи и ги навредува фудбалерите“.
Манчестер јунајтед по седум кола се наоѓа на десеттото место во Премиер лигата.