Top Sport

Скомина ќе го суди финалето во Мадрид: Голема чест за мене, но и одговорност!

Финалниот меч од годинешната фудбалска Лига на шампиони ќе ја суди Словенецот, Дамир Скомина, објави УЕФА. На 1 јуни на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид Словенецот ќе биде арбитар на дуелот меѓу Ливерпул и Тотенхем, а ќе му помагаат сонародниците Јуре Прапротник и Роберт Вукан.

Ова за Скомина, кој меѓународен судија е од 2002 година, ќе биде трето финале во европските купови. Во 2016 година го судеше супер-куп натпреварот меѓу Челси и Атлетико Мадрид, а една година подоцна беше делител на правдата меѓу Манчестер Јунајтед и Ајакс во финалето на Лига Европа.

„Судењето во финалето во Лигата на шампионите носи огромна чест, но и носи уште поголема одговорност“ – рече судијата.

Главен судија на финалниот меч меѓу Челси и Арсенал сезонава во Лига Европа ќе биде Италијанецот, Џанлука Роки.

Scroll to Top