Скопје и Шкупи одиграа 0:0 во одложениот натпревар од неделата, кога поради силниот дожд немаше услови за игра на стадионот во „Автокоманда“.
Двата тима очигледно не беа расположени за напаѓачки фудбал и по 90 минути игра немаше голови и двата тима си заминаа со по еден бод.
Со ремито, Шкупи остана на шестото место во лигата со 19 поени, додека Скопје останува последен со 10 поени, пет помалку од деветопласираната Победа и осмопласираниот Пелистер.
Фото: ФК Шкупи