Top Sport

Слатка одмазда на Мацари – Каљари со важна победа кај Торино

Валтер Мацари му се одмазди на поранешниот клуб, а Каљари стигна до клучна 2:1 победа на гости кај Торино благодарение на головите на Раул Беланова и Алесандро Дејола, плус фантастичниот Алесио Крањо на голот.

Каљари поведе кога по аутот на Далбер, Граси успеа да го пронајде Беланова за изненадувачко водство. Андреа Белоти постигна убав гол во 54. минута, пред Дејола  да донесе важни три поени за гостите од Сардинија.

Со победата, Каљари излезе на три поени зад зоната за испаѓање, каде што е Венеција, додека Торино остануваат 11. со 33 поени.

Scroll to Top