Top Sport

Славија објави видео за тортурата во Глазгов – Ова УЕФА мора да го види

Натпреварот помеѓу Глазгов Ренџерс и Славија Прага, како сега стојат работите ќе се најде и пред Дисциплинската комисија на УЕФА.

Славија победи, на Ајброкс парк во Глзгов со 2:0 и со вкупни 3:1 избори пласман во четврт-финалето. За противник во оваа фаза Чесите го добија Арсенал.

Дуелот во Глазгов го обележа бруталниот старт на напаѓачот на Ренџерс, Кемар Руфи, врз голманот на Славија, Ондреј Колар. Руфи доби црвен картон, а Колар со крваво лице го напушти теренот.

Инцидент се случи во финишот, кога домашниот играч Камара го обвини Кундела за расизам, поради што, како што тврдат Чесите, нивниот фудбалер добил неколку тупаници во тунелот.

Менаџерот на Ренџерс, Стивен Џерард, побарал од УЕФА казни за расистичкото однесување.

Од друга страна Чесите се жалат дека претрпеле вистинска тортура по завршувањето на натпреварот. Тврдат дека Колар бил нападнат, а фудбалерите речиси половина час не можеле да влезат во соблекувалната.

Тие биле под полициска заштита на стадионот, а потоа за да се избегне нов инцидент, со полицика придружба биле испратени до хотелот.

За тортурата од Славија објавија шест минутно видео со порака: „Ова УЕФА мора да го погледне“.

Scroll to Top