Поранешниот хрватски селектор, Ото Бариќ почина на 88-годишна возраст од последиците од корона вирусот. Бариќ прво беше примен во болница поради позитивниот тест на КОВИД-19, каде што ја загуби битката.
Популарниот „Хер Ото“ е роден во Австрија, каде што направи кариера со Рапид Виена, освојувајќи три австриски титули, а беше тренер и на Динамо Загреб, а со Салцбург играше финале на Купот на УЕФА во 1994 година.
Тој беше селектор на Хрватска од 2002 до 2004 година, предводејќи ја на Европското првенство во Португалија, а потоа беше селектор и на Австрија и на Албанија, пред да се пензионира во 2007 година.