Top Sport

Слободна Далмација: УЕФА жестоко ќе го казни Хајдук

Впечатоците по елиминацијата на Хајдук од Лига Европа, од трето пласираниот тим во малта, Гзира, се уште се силни, а тоа се чини е најмалиот проблем за клубот од Сплит.

Како што пишува „Слободна Далмација“ покрај смените што се очекуваат во стручниот штаб и управата на клубот, проблеми на Хајдук ќе му предизвика и УЕФА.

Европската куќа на фудбалот поради дивеењето на навивачите, изминатите години, редовно го казнува клубот. Истото го повторија и синоќа, по елиминацијата навивачи влегоа на теренот во обид да се пресметаат со фудбалерите.

Казната на УЕФА ќе биде строга, а според „Слободна Далмација“ парична казна и празни трибини е нешто што во клубот ќе го прифата без приговор. Весникот шпекулира дека поради константните инциденти што се случуваат на „Пољуд„“ во Сплит, УЕФА би можела да го исфрли Хајдук од европските натпревари во следната сезона.

фото/index.hr

Scroll to Top