Top Sport

„Слоновите“ останаа без селектор

Белгиецот Марк Вилмотс поднесе оставка на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Брегот на Слонова Коска.

Вилмотс со една од најсилните африкански репрезентации не успеа да избори пласман на Светското првенство во Русија.

Брегот на Слонова Коска во решавачкиот дуел за пласман на Мундијалот на домашен терен загуби од Мароко (0:2).

Вилмотс ја напушта функцијата по само шест месеци. Претходно тој четири години ја предводеше Белгија, но доби отказ поради неуспехот на ЕВРО 2016 и елиминацијата од Велс во четврт-финалето.

Scroll to Top