Златко Захович, легендата на словенечкиот фудбал и спортски директор на Марибор, доби шестмесечна суспензија од Фудбалската федерација по неверојатната навреда која ја упати кон еден новинар минатата недела.
По поразот од 0:2 на Марибор од Кршко, тие заостануваат 10 поени зад Олимпија од Љубљана, а на прес-конференцијата еден новинар, Дејан Митровиќ, го праша што мисли за тоа што има сѐ помалку гледачи на стадионот на Марибор, каде што имаше 1.500 гледачи.
„Ти само сакаш да провоцираш. Чекај малку, сине. Колку години имаш? Неодамна имаше семејна трагедија и мислев тоа ќе те научи нешто, но би кажал дека не е така“, одговори Захович, алудирајќи на смртта на таткото на новинарот.
По ова и реакциите кои следеа, Захович одби да се извини.
„Немам зошто да се извинам. Ако биде потребно, ќе го направам тоа, но во моментов не е така. Зборовите кои ги кажав не се навреда, само го бранев Марибор, кој го сакам како семејство“, изјави Захович.