Еден словенечки државјанин добил ќотек на хрватскиот остров Вир покрај Задар, откако постојано пречел и „шетал“ пред екранот на ТВ при натпреварот Данска-Хрватска.
Според локалниот „Задарски лист“, 39-годишниот Словенец повеќе пати прошетал пред екранот во кафеаната каде што се следел драматичниот натпревар, и и покрај предупредувањата, еден 42-годишен локален жител решил да ги земе работите во свои раце.
Словенецот завршил во болница со скршени ребра, а тепачот во притвор со кривична пријава.