Прекинатиот натпревар во Лигата на шампионите, помеѓу ПСЖ и Башакшехир, добива нова димензија. Играчите на Башкшекир напуштија теренот, бидејќи четвртиот судија Колтеску, го нарекол помошникот во стручниот штаб на турскиот шампион, Пјер Вебо, „црнец“.
Познатиот романски новинар Емануел Рошу, објави дека имал можност да го слушне тонски запис. На снимката, на вториот помошник Октавијан Совре му се обраќаат Демба Ба и Пјер Вебо, кој обвини дека бил наречен „црнец“.
„Романските судии тврдат дека Вебо од втората минута ги нарекувал цигани“, напишал Рошу на „Твитер“.
Исто така, Рошу, прашува зошто Вебо му се обратил на Колеку и дали е тој судијата кој пропагирал расизам, односно дека е можно да се работи за вториот помошник, Совре.
Овој случај долго ќе биде актуелен, дури и откако ќе заврши натпреварот, чии нов термин за одигрување е вечерва од 18.55 часот.
It remains to be seen what Webo heard and why he addressed Coltescu directly. Did he hear the 'voice' of Sovre or did Coltescu also use the word 'black'? Unanswered so far. But the voice the whole world has heard doesn't belong to him. https://t.co/cZAvzbMkzb
— Emanuel Roşu (@Emishor) December 9, 2020