Top Sport

Сампаоли го отпиша Икарди за Мундијалот во Русија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Хорхе Сампаоли, објави список од 34. фудбалери кои ќе конкурираат за место во националниот тим, за престојното Светско првенство во Русија.

Хорхе Сампаоли, за аргентинските медиуми, изјавил дека во наредниот период поединечно ќе разговара со сите играчи што се најдоа на неговиот список. Инаку, овој список до почетокот на подготовките ќе биде скратен еднаш или два пати. На Мундијалот секоја репрезентација може да пријави 23.фудбалери.

Она што веднаш се забележува, но не преставува некое изненадување е што на спискот на аргентинскиот селектор го нема најдобриот фудбалер на Интер, Мауро Икарди.

Еден од најдобрите напаѓачи во светот, поради аферата со сопругата на поранешниот соиграч Макси Лопез, не е во добри односи со Лионел Меси. Јасно е дека Меси и кланот околу него не го сакаат Икарди во репрезентацијата.

Поширокиот список на Хорхе Сампаоли:

Голмани: Серхио Ромеро, Франко Армани, Вилфредо Кабаљеро, Нахуел Гузман, Агустин Меркесин

Одбрана: Фабрисио Бустос, Габриел Меркадо, Николас Таљафико, Николас Отаменди, Рамиро Фунес Мори, Маркос Рохо, Федерико Фацио

Среден ред: Максимилијано Меза, Енцо Перез, Пабло Перез, Евер Банега, Џовани Ло Селсо, Анхел Ди Марија, Мануел Ланцини, Ерик Ламела, Лукас Билја, Диего Пероти, Едуардо Салвио, Маркос Акуња, Матијас Краневитер, Емилијано Ригони, Леандро Паредес, Хавиер Маскерано

Напад: Лионел Меси, Кристијан Павон, Лаутаро Мартинез, Серхио Агуеро, Паоло Дибала, Гонзало Игуаин

Scroll to Top