Top Sport

„Смешки“ во Премиер лигата – Брајтон пропушти победа (видео)

Брајтон прими смешен гол, двапати пропушти водство и беа задржани на 2:2 реми против Бурнемаут.

Калам Вилсон беше човекот на одлука, откако ја смести топката во мрежата по луда мешаница во пеналтикот во која домаќините имаа многу шанси да ја исфрлат топката.

Брајтон поведоа по само 5 минути преку Ентони Нокерт, но нивниот поранешен играч, Стив Кук израмни од корнер. На почетокот на полувремето, дојде време Бурнемаут да прими гол од поранешен играч, откако Глен Мареј заврши добро по контра-нападот, а потоа Хозе Искиердо пропушти шанса за Брајтон да поведе со 3:1.

Scroll to Top