Англискиот фудбалер на Рома, Крис Смолинг вели дека неговиот „матичен“ клуб Манчестер јунајтед го оставил во „пос.ана ситуација“ околу неговиот трансфер минатото лето.
30-годишниот дефанзивец смета дека „ѓаволите“ не му дале јасен одговор за неговата ситуација во клубот по успешната едногодишна позајмица во Рома, пред конечно, тренерот Оле Гунар Солскјер да одлучи дека тој не е потребен во клубот.
„Бев исфрустриран. Сакав да ми кажеа порано, и на крајот работата се завршуваше на еден ден од крајот на преодниот рок во Италија. Знаев дека под Оле моите денови се одбројани, но бев оставен во по.рана ситуација. Потоа Солскјер ми кажа дека не знае кога следен пат ќе заиграм. Мојата сопруга само што се породи и многу работи се собраа во последен момент“, вели Смолинг.
Смолиг пристигна во Јунајтед во јануари 2010 година и имаше 323 настапи за „ѓаволите“.