Проблемите на Рома во зимскиот преоден рок се зголемија, откако по желбата на Николо Ѕаниоло да издејствува трансфер, италијанските медиуми тврдат дека и англискиот дефанзивец Крис Смолинг побарал итен трансфер со потенцијален трансфер во Интер.
Според „Тутомеркато“, Смолинг, кој ќе биде слободен играч во јуни, сака да остане во Италија, но преговорите со Рома за нов договор не успеале. Тој ја има целосната доверба на Жозе Мурињо и беше стартер во 25 меча оваа сезона, дури постигнувајќи три гола.
33-годишниот Смолинг пристигна на „Олимпико“ во 2019, првично на позајмица од 3 милиони евра, за потоа трансферот да биде направен постојан една година подоцна за 15 милиони евра.
TMW – Roma, Smalling ha chiesto la cessione https://t.co/HkXuyE6Dna
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) January 27, 2023