Италијанските медиуми тврдат дека Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) го продолжил договорот со Лацио за уште една година, односно до јуни 2024 година.
Со новиот договор СМС доби и покачување на платата. Тој ќе заработува, без бонусите, три милиони ера годишно.
Српскиот репрезентативец една година се поврзува со неколку елитни екипи, но ниту еден од тие клубови не сакал да плати 100 милиони евра за трансферот.
СМС сезонава има одиграно девет натпревари за Лацио на кои забележал два гола и четири асистенции.