Играчот од средниот ред на Лацио, српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ Савиќ е убеден дека утре на „Луж“ Србија може да дојде до најважната победа во последните неколку години.
„Како и сите, мислам дека Португалија е една од најдобрите репрезентации на светот. Нема потреба да зборувам за нив, се е прилично јасно. Знам што можеме да направиме во Лисабон. Мислам дека имаме подобар тим од оној кој играше на последното СП. Со нетрпение го чекаме мечот“ вели Милинковиќ Савиќ за сајтот на ФИФА.
Фудбалерот имаше можноста да игра против Кристијано Роналдо додека капитенот на Португалците беше член на Јувентус.
„Тој е еден од најдобрите светски играчи. Имам искуство од играње против него. Знам како се игра против него и тоа ќе ни помогне“ вели популарниот СМС.
Србија поради послабата гол-разлика (имаат ист број на бодови) мора да оди на победа на утрешниот меч. Доколку не успеат во тоа, „орлите“ ќе играат бараж.