Top Sport

СМС летово се сели во Јуве, тврди контроверзниот Лучано Моџи

Сагата поврзана со идниот клуб на српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ Савиќ кој е актуелен играч на Лацио се чини добива расплет.

Поранешниот функционер на Јувентус, контроверзниот Лучано Моџи тврди дека СМС се договорил со „Старата дама“ и дека е постигнат усен договор.

„Милинковиќ Савиќ оди во Јувентус. Директорот Паратичи има договор со Србинот кој ќе е капитално засилување ова лето“ – истакна Моџи синоќа на една локална телевизија во Италија.

Медиумите во Италија веќе почнаа да шпекулираат и се споменуваат цифри меѓи 50 и 60 милиони евра, плус двајца „црно-бели“ да преминат во Лацио.

Останува да се види дали Клаудио Лотито (претседателот на Лацио) ќе се согласи со ваквата понуда.

Scroll to Top