Top Sport

Снегот го одложи мечот во Мадрид меѓу Атлетико и Атлетик

Мечот од 18 коло во Ла Лига меѓу мадридски Атлетико и Атлетик од Билбао е одложен, соопштија челниците на лигата.

Во главниот шпански град има незапамтен снег, големо невреме, а аеродромот „Барахас“ е затворен.

Двата клуба се известени за ваквата одлука, а новиот термин дополнително ќе биде одреден

Инаку, Атлетико е лидер на табелата со 38 бода, пред градскиот ривал Реал кој има 36.

Scroll to Top