Top Sport

Со бизарна фотографија на Ориги предизвикаа скандал во Генк

Ливерпул синоќа рутински славеа во Белгија против Генк (4:1), а пред натпреварот нивните навивачи истакнале скандалозна фотографија, која веднаш ја отстраниле редарите. Истакнувањето на транспарентот го осудиле од клубот и најавиле истрага.

Пред почетокот на мечот на трибините на стадионот „Фелис Мазу“, се појавил џиновски банер на напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги кој во раката држи џиновски пенис и тоа покрај трофејот на Лигата на шампионите.

Банерот експресно бил отстранет, но фотографијата се решири по социјалните мрежи. Од Ливерпул сметаат дека ова е расистички испад.

„Ливерпул го осудува истакнувањето на транспарентот на делот од трибините каде беа нашите навивачи. Фотографијата има расистички стереотип“, стои во клупското соопштение.

Од клубот побарале да бидат идентификувани навивачите, додека УЕФА ќе покрене истрага поради инцидентот.

Scroll to Top