Top Sport

Со маски на Салах ограбувале продавници во Каиро

Полицијата во Каиро уапси четири разбојници, кои користеле маски на египетската фудбалска суперѕвезда Мохамед Салах при грабежите на продавници во престолнината.

Вооружената банда била уапсена при обид да ограби продавница во предградието Наср Сити, а сите четворица носеле маски на напаѓачот на Ливерпул, кој е огромна ѕвезда во својата татковина.

Салах е убедливо најголемата спортска ѕвезда на Египет, репрезентација за која постигна 41 гол во 67 натпревари, а неговиот статус му предизвика проблеми со националната фудбалска федерација која без негова дозвола го користи неговиот лик за рекламирање.

Scroll to Top