Top Sport

„Со Меси во тимот требаше да освоиме повеќе трофеи во ЛШ’

Легендарниот фудбалер на Bарселона Андрес Иниеста смета дека со Лионел Меси клубот требало да освои повеќе трофеи во Лигата ба шампионите.

Меси ја предводеше Барселона до три титули во Лигата на шампионите во 2009, 2011 и 2015 година.

„Лео е долго време во Барселона. Мислам дека со со тимовите што ги имавме, а во кои бев и јас, а со Меси на теренот требаше да освоиме уште некоја титула“, рекол Иниеста.

„Сепак фудбалот е таков. И другите тимови знаат да играат, конкуренцијата е голема“.

Последниот трофеј во Лигата на шампионите Барселона го освоила во 2015 година.

Scroll to Top