Британските медиуми објавија дека по натпреварот помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед, во Лигата на шампионите, еден навивач на англискиот тим бил прободен со нож во пределот на градите.
Форин Офис известиле дека се во контакт со француските власти по повод овој немил настан.
44-годишниот навивач бил веднаш префрлен во болницата „Жорж Помпиду“, каде бил итно опериран, а според последните информации неговата здравствена состојба е критична.
Манчестер Јунајтед, во средата, приредија сензација, славеа во Париз со 3:1 и се пласираа во четврт-финалето во Лигата на шампионите.
Британски „Телеграф“, објави дека инцидентот се случил во такси возило. Четворица мажи и една жена, навивачи на Јунајтед влегле во возилото гласно славејќи ја победата на својот тим. Таксистот им рекол дека нема да ги вози и побарал да го излезат од возилото.
Потоа тој извадил нож, започнал да и се заканува на жената, а потоа со ножот во пределот на градите тешко повредил еден од мажите кој се обидел да ја заштити жената.
Таксисто бил уапсен и се наоѓа во притвор, а ножот со кој го повредил британскиот државјанин не е пронајден.