Лигата на шампионите на УЕФА, на својот официјален профил на „Твитер“, ја објави презентацијата со која ја најави новата сезона.
Секој од 32.тима доби по околу пет секунди во видеото на УЕФА. Преставник на регионот е белградска Црвена звезда. Во претставувањето на српскиот шампион свое место најде и македонската фудбалска легенда Дарко Панчев и неговата прослава на голот по последниот пенал со кој Црвена звезда стана европски првак во 1991 година.
Погледнете ја најавата за новата сезона во Лигата на шампионите:
Exhilarating, epic, awe-inspiring ?
?32 teams ?1 prize
Get ready for the UEFA Champions League ?#UCL pic.twitter.com/GOQSV9waKf
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) September 17, 2018