Иван Ракитиќ од медиумите е означен како еден од најлошите играчи на Барселона во дербито со Реал. Хрватот воскресна последниот месец откако непланирано доби шанса во првиот тим, поради повредата на Артир Мело. Одигра неколку одлични натпревари, но во „Ек Класико“ не успеа да ја поврзе играта на Барселона.
Реал пред два дена одиграа одличен меч на „Ноу Камп“, а особено импресивни беа играчите од редот за врска кмои целосно ја добија битката со колегите од Барселона.
„Крос, Каземиро и Валверде ги „изедоа“ Де Јонг, Роберто и Ракитиќ, а Хрватот беше најлош од тројката на Барселона“, смета Хулиен Лауренс новинар кој работи како фудбалски аналитичар за „ЕСПН“, „БТ Спорт“ и „Радио Монте Карло“.
„Не ми е јасно како некој може да мисли дека Ракитиќ ќе одигра добро како централен играч во редот за врска, играч кој треба да биде врска помеѓу одбраната и нападот. Па тој не може да одигра со топката подалеку од пет метри. Доколку Барселона под команда на изгубениот Ернесто Валверде до тогаш и имаше некаков план, тој план исчезна бидејќи Ракитиќ не е способен да ја диктира играта на Барселона, особено кога игра против агресивни соперници каков што е Феде Валверде. Барселона со него во тимот е осудена на пропаст“, рекол новинарот Лауренс.