Top Sport

Со „Унифорија“ ќе се играат мечевите на ЕУРО 2020

Натпреварите на Европското првенство во фудбал наредната година ќе се играат со топката на Адидас наречена „Унифорија“.

Новата топка не се разликува од топката „Телстар“ со која се играа натпреварите на Светското првенство во Русија пред две години. „Униворија“ е изработена од истиот материјал како и „Телстар“.

Адидас овој модел официјално ќе го претстави во ноември оваа година. Цената за овој модел ќе биде иста како и за претходниот, 150 евра.

ЕУРО 2020 ќе се одржува од 12 јуни до 12 јули во 12 држави на 12 стадиони, а финалето ќе се одигра во Лондон.

Ждрепката на ЕП е на 30 ноември во Букурешт.

Scroll to Top