Top Sport

Со ваква откупна клаузула нема кој не го сака Вернер

Репрезентативецот на Германија Тимо Вернер ќе биде најбараниот играч во летниот преоден рок. Напаѓачот кој сезонава веќе има постигнато 25 гола на 30 одиграни натпревари има излезна клаузула која без проблем можат да ја платат сите врвни европски клубови.

Новинарот Кристијан Фалк открива дека кога Вернер го продолжил договорот со Лајпциг, неговите менаџери издејствувале тој да може да го напушти тимот по завршувањето на сезоната за сума од 60 милиони евра.

Според она као се движат цените на фудбалскиот пазар, а со оглед на квалитетите на Вернер, оваа сума делува и повеќе од примамливо за голем број на клубови.

Вернер според „Трансфермаркт“ вреди 75 милиони евра, а според менаџерите цената за неговите услуги не би требала да биде помала од 100 милиони евра.

Како и секогаш кога станува збор за германски фудбалер први во редот за потписот на Вернер стојат Баерн Минхен. Баварците пеколна конкуренција ќе имаат во Јувентус, Интер, Челси, Барселона, Реал, Атлетико, а бидејќи за новата сезона како нов тренер на Милан се најавува Ралф Рагник веројатно и овој клуб ќе се обиде да го обезбеди потписот на напаѓачот.

Од друга страна англиските медиуми деновиве тврдат дека Вернер наредната сезона ќе игра под водство на сонародникот Јирген Клоп во Ливерпул.

Scroll to Top