Top Sport

Соборен рекорд во Премиерлигата, веќе 33 меча без реми (фото)

Синоќешниот меч меѓу Ватфорд и Арсенал (0-1) во Премиерлигата е 33-ти во низа кој не завршил со нерешен исход.

Ова е нов рекорд од кога елитата во англискиот фудбал го носи името Премиерлига. Од 335 овосезонски натпревари само 58 завршиле нерешено, што во проценти изнесува 17,71%.

До крајот на првенството остануваат уште 4 кола, но јасно е дека оваа сезона ќе биде запаметена со најмал број реми средби.

Последен меч што заврши нерешено беше дуелот меѓу Бурнемут и Њукасл (2-2) пред точно еден месец.


Scroll to Top