Поранешниот голман на Реал Мадрид Кико Касилја, сега соиграч на Езгијан Алиоски во Лидс Јунајтед, поради расисам се соочува со жестока страна од Фудбалската асоцијација на Англија.
Англиските медиуми објавија дека на натпреварот во септември против Чарлтон, Касилја жестокот го навреидл противничкиот напаѓач Џонатан Лекоа. По мечот Лекоа ги пријавил расистичките навреди кај главниот судија и кај делегатот.
Двајцата фудбалери дале изјави пред Фудбалската асоцијација (ФА). Во истрагата ФА вклучиле и читачи од усни. Официјалниот извештај ФА ќе го објави наредната недела.
Според медиумите Касилја ќе добие максимална казна за ваков прекршок, а тоа е суспензија од 12 натпревари.