Аргентинскиот фудбалер и досегашен член на бундеслигашот Штутгарт – Николас Гонсалес денеска потпиша договор со екипата на Фиорентина, соопштија „виолетовите“.
Овој 23-годишен играч кој моментно е со националниот тим на Копа Америка потпиша 5-годишен договор во вредност од 23 милиони евра, со 4 милиони евра во бонуси.
Поранешниот соиграч на нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов во претходните 3 сезони одигра 79 меча за германскиот тим и постигна 23 гола.
За „гаучосите“ има 8 настапи и два погодока.
??✍️⚜️#ForzaViola ? #Fiorentina pic.twitter.com/rfYODBnvZl
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) June 23, 2021