Бурно било во соблекувалната на Интер по натпреварот со Славија во Лигата на шампионите. Италијанскиот тим остана без планираните три бода, но успеа да избегне пораз со голот на Николо Барела постигнат во самиот финиш на натпреварот.
Италијанските медиуми пишуваат дека во соблекувалната физичка пресметка помеѓу Ромелу Лукаку и Марсело Брозовиќ спречиле останатите играчи. Поради тензиите тренерот Антонио Конте ноќта по тој натпревар ја минал во тренинг центарот „Пинетина“.
Лукаку во соблекувалната се жалел дека против Славија не добил ниту една топка и дека лошо играче играчите од редот за врска. Најповикан да му одговри се почувствувал Брозовиќ, кој започнал вербална расправија, а физичка пресметка пречиле соиграчите.
Од друга страна Конте имал разговор со фудбалерите им ги посочил грешките и најавил промени во составот.
Интер викендов ќе го игра градското дерби со Милан.