Шпанската репрезентација, во осмина-финалето, го заврши својот настап на светското првенство. Шпанците, вчера, по изведувањето на пенали, беа елиминирани од домаќинот на првенството Русија.
По елиминацијата јавноста и навивачите ги бараат виновниците за дебаклот на „црвената фурија“.
Во анкетата на „Ас“, за главни виновници се прогласени првиот човек на Фудбалската федерација Луис Рубиалес и претседателот на Реал, Флорентино Перез.
Првиот, на два дена до почетокот на шампионатот му врачи отказ на селекторот Хулен Лопетеги, а вториот бидејќи во најчуствителниот момент објави дека токму Лопетеги ќе го наследи Зинедин Зидан на тренерската функција во „кралскиот клуб“.
Во една друга анкета, онаа на „Мундо депортиво“, речиси 70 отсто од читателите сметаат дека Реал Мадрид е виновен за дебаклот на репрезентацијата. Второто место во оваа анкета му прупадна на Рубиалес, а третото на Лопетеги.
Шпанија на мундијалот ја предводеше Фернандо Јеро, но неговото име го нема во ниту една од анкетите.