Top Sport

Сол Кемпбел: Дајте ми ја работата, јас ќе го „оправам“ Арсенал

Поранешниот англиски репрезентативец, Сол Кемпбел, дел од славната генерација на Арсенал, таканаречените „непобедливи“ од 2003/04, понуди да ја среди „мешаницата“ во клубот по двата порази на стартот на сезоната.

Навивачите веќе одамна почнаа да бараат отказ за Микел Артета, откако лани не успеа да се квалификува а европски фудбал првпат по над 20 години, а сезоната започна со 2:0 порази од Брентфорд и Челси. Кемпбел смета дека има решение.

„Во моментов е тешко да се гледа Арсенал. Многу тешко. Недоволно залагање и недоволен квалитет. Потрошивме многу пари, најмногу во Англија, но нема квалитет, постојаност, искуство. Секогаш бараме потенцијал, но понекогаш е потребен и итен успех. Имаме многу млад тим, без никакво искуство. Знаете што, јас би им помогнал. Дадете ми ја работата, ќе ги ‘оправам’“, вели Кемпбел.

46-годишниот Кемпбел имаше 211 настапи за Арсенал, освојувајќи две титули во Премиер лигата, три ФА купа и еден пласман во финалето на Лигата на шампиони.

Scroll to Top