Поранешниот дефанзивец на Тотенхем и Арсенал, Сол Кемпбел вели дека се чувстува како „прогонет“ од англискиот фудбал додека се обидува да најде прва тренерска работа по пауза од три години.
Англичанецот се повлече од професионалниот фудбал во 2011 година, а последен пат беше тренер во 2020 како трнеер на тогашниот четвртолигаш Саутенд јунајтед. Клубот беше на претпоследното место на табелата, а откако лигата се прекина поради пандемијата на КОВИД-19, испадна од лигата, а Кемпбел доби отказ.
„Во Саутенд испаднавме во пандемиска сезона на девет меча пред крајот на сезоната. Секако, тоа не беше добро за мене, и останува тој впечаток дека не сум способен за оваа работа. Како да го сменам тоа? Ја познавам својата работа, цел живот го посветв на фудбалот и сакам да најдам место за мене. Аплицирам во повеќе клубови, но ништо не се случи. Како да ме прогонија од фудбалот“, вели Кемпбел.